МЗТ Скопје со победа ја стартуваше финалната серија
МЗТ Скопје поведе со 1:0 во финалето против Пелистер и славеа со 91:76, пред се поради изразената доминација во третата четвртина во кој беше направена главната разлика.
МЗТ го диктираше темпото во првото полувреме, но во ниту еден момент немаше двоцифрена предност, но во вториот дел брзо дојде до комотна позиција и практично го реши победникот во овој дел од мечот.
Пелистер се обиде да се врати и најблиску дојде до минус седум, но сепак и во моментите кога се закануваше, домаќините имаа одговор и на крајот рутински го приведоа мечот до крај за водство од 1:0.
Војдан Стојановски беше лидер со 19 поени, исто толку уфрли и Милошевиќ, додека кај поразениот тим, традиционално најдобар беше Кесар со 22 поени. Финалната серија сега се сели во Битола, а вториот меч се игра во „Боро Чурлевски“ в недела во 18:30 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…
Мерц повика на единство на владејачката коалиција…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…
Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…
Бразил во недела, на 25 октомври, избира…
Вашингтон барал од Маск да го вклучува…
Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…
Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…
Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…