Нова пукотница во Филаделфија: Најмалку 13 повреди и 3 мртви
Три лица загинаа, а најмалку 13 се повредени во пукотница доцна синоќа во Филаделфија, соопштија властите.
Според информациите од некои медиуми, во престрелката загинале три лица, двајца мажи и една жена. Полициската управа во Филаделфија одговорила на извештаите за лице со пиштол во поголема група луѓе, објави телевизијата VPVI.
Полицаец успеал да види како маж пука во толпа луѓе во центарот на градот, а тој пукал и кон него со оружјето, но ниту еден полицаец не е повреден, соопшти полицијата, пренесува АП. Не е јасно дали осомничениот е погоден, а не е позната состојбата на ранетите во престрелката.Властите велат дека немало апсења, но било пронајдено оружје. Ова е второто најсмртоносно пукање во САД во сабота навечер.
Едно девојче загина, а осум лица се повредени во пукотница што се случила во трговски центар во градот Феникс, во американската сојузна држава Аризона, соопшти полицијата. Полицискиот функционер Енди Вилијамс изјави дека во престрелката се повредени девет лица кои се пренесени во болница, а 14-годишно девојче им подлегнало на повредите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран се заканува со ракетни напади врз…
Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…
Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…
Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…
Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…
Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…
ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…