Приведен крадец во Скопје
На 04.06.2022 во 11,30 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар бил лишен од слобода М.К. (49) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело “тешка кражба на дрзок начин“.
Имено, истиот ден околу 09.00 часот во автобус на ЈСП бр. 57 на улицата “Цветан Димов“, осомничениот М.К. одзел женски паричник во кој имало пари и документи од оштетената М.Б. (23) од Скопје. Со М.К. бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на јавен обвинител, а од страна на оштетената извршено е препознавање.
Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава по член 236, “тешка кражба на дрзок начин“, од КЗ на РМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…