Фудбалот како најголем спортски бренд

t

Дали фудбалот како спорт е посебен феномен? Можно ли е да врти пари и носи приходи изразени во милијарди? Како успева да оствари толку големо влијание? И како ја создава страста со која фудбалерите играат фудбал, навивачите навиваат и ги обожаваат, медиумите ги пренесуваат натпреварите, а спонзорите вложуваат милионски износи на пари во фудбалските трансфери и развојот на фудбалот воопшто?

Секој има своја филозофија и посебен концепт за тоа што е фудбалот. Овде ќе ја споменам мислата на Хуго Санчез, луцидниот голгетер на Реал Мадрид и фудбалската репрезентација на Мексико, кој вели: „За мене фудбалот значи живот. Тој ми даде сè… Фудбалот секогаш ќе биде дел од историјата на човештвото… Сакам да знам кој го измислил. Кој и да е тоа, треба да го почитуваме како бог“. Фудбалот е тимска игра. Како таков тој е историја на фудбалски клубови и национални репрезентации. Историја на победи и радост за едни. Истовремено и порази и тага за други. Ниту еден играч не е поголем од клубот во кој игра и државата во чија национална селекција настапува. Тоа дефинитивно е така. Но, Томас Калајл, историчар од Шкотска вели дека „ниту еден човек не живее залудно. Историјата на светот е биографија на големите луѓе. Историјата на фудбалот не е ништо поинаква“. Секогаш големите играчи ги ставаат во втор план останатите од екипата. Тие се супер-ѕвезди на фудбалската игра, херои, уметници и шампиони со фудбалската топка. Историјата ги памети нивните генијални игри во националните првенства, меѓународните купови и светските првенства. Секој фудбалер сонува за настап на светско првенство, за победа и светска титула со божицата на фудбалот во своите раце. Сонот го остваруваат најдобрите, упорните и тие со силен карактер.

Светското првенство во фудбал е спортски бренд чија вредност е 6-7 милијарди долари во сопственост на ФИФА-Светската фудбалска федерација. Атрактивноста на овој спортски бренд, меѓу другото се состои и во големата гледаност во целиот свет. Така, финалето на мундијалот во 2006 година меѓу Италија и Франција го следеле 751 милион луѓе, а вкупниот финансиски обрт на првенството во Германија изнесуваше 2,9 милијарди долари. Дефинитивно ова е најатрактивниот, најпривлечниот и најобожаваниот спортски бренд за младите од целиот свет. Овој спортски бренд ги создаде спортските легенди како што се Пеле, Бекенбауер, Ференц Пушкаш, Алфредо ди Стефано, Гаринча, Кројф, Мишел Платини, Марадона, Роналдо (Феноменот), Роналдињо, Зинедин Зидан, Кристијано Роналдо, Дејвид Бекам, Лионал Меси, Кака и Ибрахимовиќ.
Сосема накратко ќе го презентираме брендот наречен фудбалер. Меси, Роналдо, Нејмар, Роналдињо, Дејвид Бекам, Вејн Руни се најсакани, но истовремено и најкомерцијални брендови. Нивната комерцијална вредност, на секој поединечно е околу 100 милиони фунти. Роналдињо имаше милионски договори со фирмите Најки, Пепси, Кетбери и Унилевер. Сепак Бекам е најпопуларен и најголем фраер меѓу фудбалерите(ќе биде портретиран во рубриката модни икони). Тој има милионски рекламни договори со Жилет, Адидас, Пепси, Водафон и Сони Плејстејшн, а има лансирано и свои брендови како што е парфемот инстинкт.

Слична е и приказната за Роналдо. Реал Мадрид за него плати 95 милиони евра. А каде се тука договорите за реклама со врвните брендови од спортот, модата и козметиката? Фантастично, дури неверојатно. Во тоа се состои магијата на феноменот бренд.

Сите овие фудбалски легенди со својата спортска и фудбалска уметност го направија фудбалот најважна споредна работа на светот и на фудбалскиот терен на фудбалски начин ја отсвиреја најубавата фудбалска симфонија. Тоа го постигнаа со дриблинзите како “слаломи“, слободните удари како “сув лист“, додавањата “во празно“, “дијагонали“ и топка која “има очи“, примањето топка “со штоп“, “на гради“ и “на колено“, поминувањето на играч со “ждропка“, “меѓу нозе“, како и головите “со пета“, преку глава – “со ножички“, директно од корнер, со надворешно и внатрешно “ефе“, “со лоб“ и на безброј други атрактивни начини. Милиони млади кои се занимаваат со фудбал од најрани години на својот живот имаат цел и голема желба да ги достигнат и надминат овие фудбалски уметници и идоли на сите што уживаат во убавината на фудбалската игра.

Вкупно светскиот пазар на фудбалот е “тежок“ околу 250 милијарди долари. Затоа, фудбалот и спортот воопшто е привлечен, и е предизвик на секој млад човек што сака да успее.

Пишува: Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…