Објавено на:

Македонија не дозволи авионот на Лавров да помине низ нашиот воздушен простор? Вучиќ принуден лично да се занимава со логистиката

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ е принуден лично да се занимава со логистиката на посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, закажана за 6-7 јуни, во сегашната тешка ситуација, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ.


„Ситуацијата во врска со посетата на Сергеј Лавров е крајно комплицирана. Неверојатно е дека ситуацијата во Европа и светот е таква што претседателот на една земја треба да се занимава со такви работи како што е логистиката на доаѓањето на министерот за надворешни работи на друга земја, што одредува дали ќе пристигне или не“, изјави шефот на српската влада на ТВ Пинк.

Таа истакна дека ставот на официјален Белград дополнително се усложнува со тоа што се очекува и посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц, претходно закажана за 10 јуни, а моментот во надворешната политика, според неа, е таков што „никој сака да разговара со никого, а тоа да не слуша никој друг“.

„Кога имате посета на толку високо ниво како што е посетата на шефот на руското Министерство за надворешни работи, би помислиле дека луѓето, особено во време на криза, како сега, кога светот е на работ на Трета светска војна, се заинтересирани да го слушнат неговиот став, без разлика колку не се согласуваат со него и го сметаат за погрешен и неконзистентен со меѓународното право“, рече Брнабиќ.


Во понеделник, во 10.00 часот (11.00 часот по московско време) е закажана средба на рускиот амбасадор Александар Ботан-Харченко и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој исто така претходно изјави дека ситуацијата со посетата на Лавров на Белград станува се покомплицирана.


Според српскиот весник „Вечерни новости“, раководството на Бугарија, Црна Гора и Македонија одбило да дозволи авионот на рускиот министер за надворешни работи да помине низ нивниот воздушен простор. Изданието објави фотографија од соодветниот документ на црногорските власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…