Ковачевски за роденденот на ДУИ: Честитки за 20 годишното учество во унапредување на демократските процеси

t

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на неговиот Фејсбук профил упати честитка за 20-годишнината од основањето на ДУИ.

-Честитки за 20-годишнината од основањето на Демократската унија за интеграција за единство и за значајното учество во унапредување на демократските процеси и за учеството во остварувањето на стратешките интереси на земјата, пишува Ковачевски.

Тој напомена дека ќе продолжат заедно како партнери во владината и парламентарната коалиција.

-Со полн капацитет носиме политики и решенија за сериозните актуелни предизвици и во справувањето со глобалната економска и енергетска криза, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реџепи: ДУИ нема да дозволи дестабилизација на…

Во политичка дебата во „Само вистина“, Бајрам…

ДУИ: Мицкоски го изгуби моралниот компас, подготвени…

Без срам власта е подготвена да ги…

Албанците се недоволно застапени во клучни институции,…

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост…

ДУИ: Албанците никогаш нема да дозволат државата…

Најновите случувања поврзани со антиевропската агенда во…

Адеми: Aко има второ полувреме од 2001…

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, предупредува дека…