(Видео) Голем пораз за македонските фудбалски надежи од Украина
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година со пораз од Украина (0-4) го заврши квалификацискиот циклус за Европското првенство. Дуелот се одигра на неутрален терен во Истанбул, а избраниците на Драган Канатларовски го запишаа петтиот пораз.
Младите фудбалери имаа проблем со преносот на топката и играта пред голот на Украина. Тимот кој се бори за место во баражот за ЕП беше доста добро организиран и ги имаше повеќето од шансите во првото полувреме. Три добри прилики имаа Украинците, но не го најдоа патот до мрежата на Денковски во првиот дел.
Слично продолжи играта и во второто полувреме, противникот беше оној кој ја држеше топката во нозете. Се правеше притисок, Денковски и одбраната одолеваа, се до периодот од 69. до 71. минута кога паднаа два гола. Прво погоди Винук по асистенција на Ванат, а потоа истиот играч го проигра Судаков за 0-2. Третиот гол го даде Ванат, откако фантастично влезе низ нашата одбрана во 85. минута, истиот играч стрела и во 94. минута.
Македонија У21 ги заврши квалификациите на петтата позиција со вкупно девет бода.
Извор: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…
Русите го нападнаа Криви Рих, убиени се…
Две лица, меѓу кои и седумгодишно момче,…
Неидентификуван објект паднал во Полска по рускиот…
Полските безбедносни служби истражуваат пад на неидентификуван…
Унгарија ќе го повлече ветото за отворање…
Унгарија се очекува да го повлече ветото…