Србија ќе треба да бира кој ѝ е помил? Шолц или Лавров?
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров треба утре да пристигне во Белград . Посетата ја најави во опширното интервју дадено за Радио-телевизија Република Српска, кое беше протолкувано како „Пресметка на Лаворв си сите политичари освен со Милорад Додик“, лидерот на Србите во БиХ.
Белград е е најзапдната точка каде поранешниот руски амбасадор во ОН во Њујорк и актуелен шеф на руската дипломатија може да отпатува , бидејќи другите земји во регионот се согласија со санкциите што му ги воведе ЕУ. Но, и оваа посета веќе не е сигурна и се чини дека ќе ја разбранува светската јавност.
Индикативно е тоа што Лавров не дава интервјуа за ниту еден медиум во Република Србија пред да допатува во Белград, а сосема е извесно дека речиси сите со задоволство би му го објавиле интервјуто . Конечно Лавров неодамна разговараше со француските медиуми. Известувањето преку „државната “ телевизија на Република Српска може да се разбере како сигнал на Москва до Белград, пренесува Јутарњи.хр.
Претходно, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров, која исто така се наоѓа под санкции на ЕУ, објави дека Лавров ќе ја посети Србија на 6-ти и 7-ми јуни. Таа најави дека се предвидени средби со претседателот Александар Вучиќ, политичките лидери и патријархот Порфириј.
– Предвидена е детална дискусија за прашања од билатералната политичка и економска соработка, размена на мислења за состојбите во регионот на Балканот и актуелните меѓународни прашања, се вели во соопштението.
Срспкиот престедател Вучиќ истиот ден изјави дека не ја исклучува можноста Лавров во Белград да ја загрози посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц, која се очекува на 10 јуни.
– Можно е се да биде во ред, а може и не – изјави тогаш Вучиќ.
Шолц доаѓа во Косово и Грција и не би било добро да го заобиколи Белград. Во овој момент, додека Белград не се огласи, можни се неколку сценарија.
Првото сценарио е дека доколку Лавров дојде во Белград, Шолц ќе ја откаѓе посетата на српската престолнина бидејќи поради домашната јавност нема да може да го посети Белград три дена по еден од најгоелмите руските јастреби виновни за крвопролевањето во Украина.
Второ сценарио би било Лавров да ја откаже посетата на Белград и да допатува германскиот канцаларШолц.
И, конечно, не треба да се исклучи и сцебариото двајцата политичари сепак да се согласат и да го посетат Белград
Во пресрет на закажаната посета на Белград, Лавров беше во Бања Лука каде според тамошните медиуми изјавил дека лидерот на босанските Срби Милорад Додик е „пријател на Руската Федерација, додавајќи дека Западот не може да замисли дека државата на Балканот е независна (притоа алудирајќи на Република Српска,која не е држава, туку ентитет), дека политичар на Балканот може да е независен, бидејќи Западот е навикнат на марионетски лидери. со кои ќе управува ќе ги уценува и ќе поставува ултиматуми. А целта на Западот, тврди Лавров, е да ја манипулира Босна во нејзина корист и да ја направи уште една платформа за проширување на НАТО кон Балканот.
Тој зборува малку за Вучиќ, само во контекст на дебатата за Косово, каде што категорично отфрли дека Русија и создала проблеми на Србија со тоа што изјави дека Косово е преседан што го оправдува руското признавање на одметнатите украински територии. На Косово немаше референдум, а имаше на Крим (во 2014 година, кога беше анексијата)гласи објаснувањето на Лаврoв на меѓународно правните околности.
Србија засега не очекува сериозно да настрада при каков било исход на раскрсницата на патиштата Лавров и Шолц. Поминаа повеќе од 100 дена од почетокот на руската агресија врз Украина, а Белград се уште не ја усогласува својата надворешна политика со ЕУ.
Од друга страна, иако во ОН во неколку случаи Србија гласаше против Русија, рускиот претседател Владимир Путин разговараше со Вучиќ на 29 мај и се согласи на нов тригодишен договор за снабдување на Србија со гас по повластени цени,кои според Вучиќ се 10 до 12 пати помалку отколку во Европа.
И покрај тоа што Вучиќ во неколку наврати отворено потврди дека ќе продолжи да ја води Србија кон ЕУ бидејќи тоа е во економски интерес, објавувајќи податоци кои не и се толку познати на пошироката јавност во Србија дека повеќе од две третини од вкулното тргување е со ЕУ.
Белград засега успешно балансира на позицијата земја лидер, важна за стабилноста на регионот, засега признаена од ЕУ и САД. Русија е свесна дека загубата на Србија ја остава без вистински сојузник на Балканот, бидејќи Додик засега ја нема силата да биде лидер без подршка од матичната српска држава
Затоа и двете страни ќе ја продолжат политиката која и овозможува на Србија да води политика на седење на две столчиња. Можни се изненадувања, дури и пожелни. Но интересите се на прво место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Србија ќе го награди Ноле со државна…
Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…