Објавено на:

Беснеат пожари на островот Сазан, има опасност од експлозии на муниција

t

Пожари со часови беснеат на албанскиот остров Сазан, поранешна воен база, каде постои опасност од екслозија на муниција што се наоѓа во поранешно депо.

Во гаснењето, освен пожарникарски единици, вклучена е и армијата, но поради високите температури и ветерот гаснењето од копно е невозможно, па се бара гаснење и од воздух.

„На терен се 61 војник кои заедно со другите структури се обидуваат да ги неутрализираат пламените јазици. Теренот, високите температури и ветерот го отежнуваат тоа. Опасност е и недемонтираната муниција“, соопшти министерството за одбрана.

Претседателот Илир Мета реагираше во врска со состојбата со пожарите во земјата посебно на островот Сазан, каде може да дојде до катастрофа со несакани последици.

Тој побара “целосна ангажираност на структурите на локално и централно ниво за брза локализација и што поитно гаснење на пожарите за да се спречи трагедија на животната средина што се случи минатата година кога во земјата беснееја пожари од север до југ”.

Островот Сазан е најголемиот остров во Албанија и стратешки сместен меѓу Отрантската врата и влезот во Валонскиот Залив формирајќи ја границата меѓу Јадранско и Јонско Море. Од воена база во комунизмот сега е туристичка атракција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три активни пожари и четири под контрола,…

На ден 25/26.08.2026 година, до 07:30 часот,…

Денес сончево и топло до 37 степени,…

Денес времето ќе биде сончево и топло,…

Трамп ги стопираше термините за визи од…

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, привремено…

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…