Зеленски со минута молк за почит кон загинатите војници
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера беше во посета на фронтот во регионот Запорожје, соопштија од неговиот кабинет. Украинската војска информираше за експлозии вчера на утро во Киев.
– Сакам да Ви се заблагодарам за вашата работа, за вашата служба, за тоа што нè штитите нас и нашата држава, истакна Зеленски, а потоа ги испочитуваа загинатите војници со минута молк. Пред неколку недела, Зеленски беше во посета на регионот Харков. Од кабинетот на Зеленски инфомираа дека тој посетил медицинска установа во областа и зборувал со лица кои по биле принудени да го напуштат својот дом, вклучувајќи ги и оние од Мариупол, што сега е во руски раце, откако со недели беше под опсада. Тој ветил дека ќе направи сè за да им се најде удобно сместување на сите раселени луѓе.
Темен чад се издигна над источното предградие на Киев. Најмалку едно лице е хоспитализирано, најбитно е нема смртни случаи, информираше градоначалникот Виталиј Кличко за експлозиите што го потресоа Киев. Украинската воздушна одбрана околу шест часот наутро, по локално време, урна еден проектил, соопштија од војската. Еден руски проектил, веројатно на пат кон Киев, полета „критично ниско“ над големата нуклеарна централа во јужната провинција Миколаев, објави државниот оператор на нуклеарни централи Енергоатом на Телеграм. Од руското Министерство за одбрана тврдеа дека нивни ракети уништиле тенкови Т-72 и оклопни возила, сместени во фабрика за поправка на железнички вагони, кои ѝ биле испорачани на Украина од источноевропски земји. Овие проектили се први што го погодија главниот град на Украина од крајот на април, кога во руски напад беше убиена продуцентката на Радио Слобода, откако е погодена зградата, каде таа живеела. Украина објави дека контролира половина од Северодонецк. Според гувернерот на регионот Луганск, Сергеј Хајдај, руските војници добиле наредба да го освојат градот до 10 јуни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Потребен е силен 18-ти пакет санкции…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…
Унгарија блокираше отворање на преговорите за пристапување…
Унгарија ја блокираше одлуката на самитот на…
Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…
Во Русија нема рецесија, во тек е…
Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…
Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…