Турција започна со производство на муниција од новата генерација
Турција започна масовно производство на муниција од новата генерација за беспилотни летала, соопштија воени претставници.
Институтот за истражување и развој на одбранбената индустрија произведе муниција Бозок, водена со ласер, која досега поминала повеќе тестови пред да биде пуштена во масовно производство.
Тестовите се извршени на беспилотното летало Bayraktar TB2 кое е едно од најзастапените беспилотни летала на повеќе боишта ширум светот.
– Започна масовното производство на муниција Бозок за беспилотни летала. Развивме уште поефикасна боева глава за Бозок и го проширивме неговиот опсег – изјави директорот на Институтот Гурчан Окумус.
За разлика од „паметната муниција“ MAM-L што досега се користеше на турските дронови, Бозок е помал и има покомпактна структура. Досегот му е продолжен од почетните девет на 15 километри со можност за дополнително проширување.
– Имаше тестови каде со Бозока поминавме преку 15 километри. Наша цел е уште поголем дострел – изјави Окумус.
Според Институтот, муницијата Бозок обезбедува ефикасна одбрана во асиметричното војување, давајќи им на беспилотните летала можност за напад.
Освен муниција, Окумус најави дека во тек се последните тестови за проектилите Боздоган и Гокдоган, кои исто така ги развива Институтот.
– И тие наскоро би можеле да влезат во процес на масовно производство. Во тек се финалните тестови и анализи – рече Окумус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турција го блокира Инстаграм
Овој потег уследи по коментарите на турскиот…
Турција ќе ги заловува, но нема да…
Турскиот парламент усвои закон што налага сите…
Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…
Турција би можела да влезе во Израел…
Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…
Земјотрес со размери од 4,8 степени според…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…