(Видео) Арсовска открива: Загадувачите физички ги напаѓаат инспекторите за животна средина!

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во своето гостување вечерва на Инфомакс во емисијата „Наше Скопје“ откри дека загадувачите физички ги напаѓаат инспекторите за животна средина.

,,Граѓаните сами гледаат, доколку шутот е расфрлан, тогаш тоа се прави со намера. Кога ќе видите дека дента се фрлани цели троседи, а вчера имало акција за чистење, тогаш сфаќате дека се се прави намерно. Толку многу се бориме со овие луѓе кои пари прават од овие диви депонии. Моја искрена заложба е да живееме во чист град. Ниту еднаш во овие шест месеци не бил загаден воздухот над дозволеното. Сепак, има луѓе кои сеуште прават диви депонии, па дури и инсекторите физички се нападнати, ова треба да биде за секоја осуда” , рече Арсовска.

Следете ја емисијата во живо подолу:

https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=565633165139631&notif_id=1654455765404816&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КРИВИЧНА ПРИЈАВА за поранешниот градоначалник на Ѓорче…

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија…

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…