Објавено на:

(Видео) Aрсовска: Ќе сториме се во наша надлежност, нема да дозволиме да се уништува Аквадуктот во Скопје

t

Градот Скопје заедно со останатите надлежни институции ќе се погрижи соодветно да се уреди околината на Аквадуктот, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во новата епизода на “Наше Скопје”.

– Повторно поделени надлежности, но мислам дека во најголем дел на конзерваторскиот центар, центарот за заштита на културно наследство имаат надлежност и треба да се повнимава затоа што ова е еден од спомениците кои се национално богатство.

Тоа е дел од нашата историја, треба да го зачуваме.

Има некоја одлука од минатата година кадешто со одлука на Влада било донесено решение да се овозможи Градот Скопје да го обезбеди тој дел таму и мислам дека треба да се потрудиме се што е во наша можност да се заштити и да им се понуди на граѓаните да се запознаат со тој поменик преку најразлични содржини.

Ние отпочнавме во соработка со останатите надлежни институции да се погрижиме во делот на неговото непосредно опкружување да биде соодветно уредено. Сега не треба да се дозволи нашето богатство да биде руинирано, а тоа требало да се направи и порани, вели Арсовска.

Следете ја емисијата во живо на слениот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=565633165139631&notif_id=1654455765404816&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…