Објавено на:

Руските универзитети исклучени од Болоњскиот процес: Болоњскиот систем не остави нас, а не ние него

t

Сите руски универзитети се исклучени од Болоњскиот процес, изјави денеска заменик министерот за наука и високо образование Дмитриј Афанасиев.

Тој изјави дека Болоњската група на 11 април објавила дека ќе ја укине застапеноста на Русија и Белорусија во сите сродни структури.

„Со оглед на тоа што нашите ректори, раководителите на образовните институции го потпишаа обраќањето на Руската Федерација на Ректори за поддршката на претседателот во врска со специјалната воена операција, со тоа сите образовни организации во земјата се исклучени од Болоњскиот процес. Би рекол дека Болоњскиот систем не остави нас, а не ние него“, рече заменик министерот.

Болоњскиот процес настанал откако министрите за образование на 29 европски земји ја потпишаа Болоњската декларација за реформа на европскиот систем за високо образование во 1999 година во Болоња.

Инцидент на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации

Додека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, се обрати пред 15-членото тело и ја обвини Москва дека ја поттикнува глобалната криза со храна со инвазијата на Украина, рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, го напушти состанокот.

Мишел, исто така, ги обвини руските војници за воени злосторства и злосторства против човештвото, повикувајќи се на извештаи за сексуално насилство, опишувајќи го како „тактика на тортура, терор и репресија“, што Небензја категорично го отфрли.

САД: Русија краде украинско жито за да го продаде за профит

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен тврди дека има веродостојни информации дека Русија го краде украинскиот извоз на жито за да го продаде за сопствен профит.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно денеска изјави дека до есен во Украина би можеле да останат дури 75 милиони тони житни култури.

Зеленски: Повеќе од 2.500 затвореници од Азовстал може да бидат пренесени на истокот од земјата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека повеќе од 2.500 затвореници од фабриката за челик Азовстал во Мариупол сега можат да бидат пренесени во регионите Доњецк и Луганск во источна Украина.

Зеленски рече дека плановите на Русија постојано се менуваат во однос на третманот на тие затвореници, вклучително и намерата да се одржи т.н. јавен суд.

Официјални лица на Народна Република Доњецк зборуваа за судењето на некои од бранителите на Азовстал кои наводно извршиле кршење на човековите права.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…

Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…

Русија прогласи вонредна состојба во Курск

Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…

Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…

Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…