Макрон е подготвен за состанок со Софија и Скопје за билатерални односи
Францускиот претседател Емануел Макрон, по синоќешните телефонски разговори со бугарскиот претеседател Румен Радев и со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, соопшти дека е подготвен да ги пречека во Париз властите на Бугарија и С. Македонија, се со цел да се склучи билатерален договор што ќе овозможи отворање на преговорите за ЕУ интеграција на С. Македонија во ЕУ, јави дописникот на МИА.
Франција, која претседава со ЕУ до 1 јули, „веќе неколку недели ја поддржува потрагата по решение за спорот меѓу двете земји“, потсети Елисејската палата по разговорите.
За време на разговорите, Емануел Макрон ја изрази својата „целосна поддршка за договор меѓу двете земји, кој ќе придонесе за добрососедски односи и ќе ја консолидира европската перспектива на С. Македонија“. Макрон ги подржува договорите меѓу двете земји, како и почитување на основните права на граѓаните кои изјавуваат дека припаѓаат на други заедници или на малцинства, велат од Елисејската палата.
Софија го блокира пристапувањето на С. Македонија во ЕУ од ноември 2020 година поради историски спорови. Пред оваа бугарска блокада, С. Македонија со години се соочуваше со ветото на Грција која не и го прифаќаше името Македонија. Атина го укина ветото во 2018 година кога на името на земјата беше додадена додавката „Северна“.
Пет земји во моментов се официјално кандидати за ЕУ, С. Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија и Турција. Во 2019 година, Емануел Макрон стави вето, со уште две земји-членки, на отворањето на пристапните преговори со С. Македонија и Албанија, со барање да биде усвоена нова методологија за пристапување во ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот парламент забрани промоција на нетрадиционална сексуална…
По повеќе од 4 часа дебати и…
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…