Егзодус: За еден квартал Македонија ја напуштиле повеќе од 214.000 работоспособни граѓани
Согласно податоците на државниот завод за статистика, кои никој од власта не ги негира, се случува фрапантен пад на бројот на вработени, пад на бројот на активно население и пад на бројот на работоспособни лица во периодот од последниот квартал во 2021-ва и првиот квартал од 2022 година. За само неколку месеци Македонија загубила 214.514 работоспособни луѓе, односно од 1.681.863 работоспособни во Македонија во IV квартал во 2021, сега во I квартал 2022 има 1.467.349 лица, се наведува во соопштението на најголемата опозициска партијата.
Посочуваат дека според статистика – од активно население, последниот квартал лани имало 937.482 лица коишто се водат за активни, односно 795.276 вработени, а веќе до март годинава, 811.197 активни, од коишто 691.498 вработени. Или 103.778 помалку вработени!
-За неколку месеци од крајот на 2021-ва до почетокот на 2022 година се случува масовно иселување, 214 илјади помалку работоспособни во Македонија, односно 130 илјади помалку активно население, односно 103 илјади помалку вработени. Економијата е во колапс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Јаневска: Економијата добро се движи, верувам дека…
Минатата година недостасуваа 17 илјади ученици и…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…