Објавено на:

Распределбата на украинските бегалци да важи и за другите мигранти

t

Државите од групата „МЕД 5“, во која членуваат Шпанија, Италија, Грција, Кипар и Малта, побараа од ЕУ да демонстрира солидарност при распределбата на мигрантите што пристигнуваат преку морињата, на начин како што се прави тоа кога станува збор за прифаќањето имигранти од Украина.
На границите на петте држави од јужниот дел на ЕУ пристигнуваат голем број мигранти од Африка и од Блискиот Исток, па оттаму доаѓа нивното барање за воспоставување механизам преку кој мигрантите би биле соодветно распоредувани во сите 27 држави-членки на Унијата.
Тоа е посочено во заедничкото соопштение издадено по средбата на министрите за внатрешни работи на петте држави, по нивниот состанок одржан викендот во Венеција.
Во документот се бара на наредниот состанок на министрите за внатрешни работи во рамките на Советот на ЕУ да се донесе одредба, според која, земјите рамномерно би го понеле товарот што го носат мигрантите што илегално влегуваат во Европа, на начин како што е уредено тоа со бегалците од Украина.
Расправата по прашањето во рамките на ЕУ трае веќе подолго време, а до несогласувања дојде во 2015 година по големиот мигрантски бран кога некои земји на ЕУ, како Унгарија, ги одбија квотите што ги побара Брисел во обид да се растоварат државите од „првата линија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полскиот министер за одбрана: Нема да испратиме…

Полска не се подготвува и нема да…

Италијанскиот министер за одбрана: Разговарајте со Путин!

Италијанскиот министер за одбрана Гидо Кросето денеска…

Руската разузнавачка служба: САД му бараат замена…

Соединетите Американски Држави ги интензивираа напорите да…

Американски конгресмен: Америка може да испрати војска…

Во случај на пад на Украина, Соединетите…

Американскиот советник за национална безбедност: Не очекувам…

Новиот пакет воена помош за Украина, кој…