Објавено на:

Зоран Тегелтија побара согласност за приклучување на БиХ кон Отворен Балкан

t

Претседавачот на Советот на министри, Зоран Тегелтија, кој денеска и утре ќе учествува на дводневниот Самит Отворен Балкан во Охрид, побара од Претседателството на БиХ да го разгледа и да се согласи за пристапување на БиХ во регионалната иницијатива.

Тегелтија во пресрет на заминувањето за Охрид испрати писмо до Претседателството на БиХ во кое покрај информациите за заминување во Охрид бара да се разгледа и да се даде согласност за пристапување на БиХ во иницијативата Отворен Балкан со цел, како што наведува, граѓаните и бизнис заедницата во БиХ да не бидат единствени во регионот изоставени од оваа регионална иницијатива.

Регионалната иницијатива Отворен Балкан се состои од С. Македонија Србија и Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Катастрофа во Албанија: угинаа тони риби по…

Еколошка катастрофа се случи во градот Љушња…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…