Левица: Слобода за Ламбе Алабаковски – Eдинствен кој треба да се гони кривично е претседателот на здружението „Ванчо Михајлов”
Денешната објава за експресно апсење на лицето кое го запали клубот, што го носи името на фашистот Ванчо Михајлов, само потврди дека власта на СДСМ и ДУИ е во целосна служба на бугарскиот неоврховизам!, напишаа од „Левица“ на својот фејсбук профил.
-Потсетуваме дека Левица пред еден месец поднесе кривична пријава против претседателот на здружението „Ванчо Михајлов”, поради „излагање на подбив на македонскиот народ“ и „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“. За оваа кривична пријава, сè уште нема никаков одговор дали е поведена некаква постапка.
-Повеќе од месец дена во градот на Стив Наумов, пред очите на целата јавност и органите на прогонот, незаконски и скандалозно функционира клуб кој го носи името на џелатот на македонската кауза!
-Во услови кога институциите на системот затајуваат да ги заштитат националните и државните интереси, целосно оправдан е потегот на веќе приведениот Ламбе Аламбаковски. Секоја друга пресуда, освен ослободителна, ќе претставува анти-државнички чин и напад врз македонската државотворност, конституирана во АСНОМ!
-Од тие причини, Левица ќе стапи во контакт со адвокатите кои ќе го застапуваат Аламбаковски и ќе се понуди да ги покрие трошоците на одбраната.
-Слобода за ЛАМБЕ АЛАМБАКОВСКИ!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…