ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува насилството на Ламбе Алабаковски, но велат тоа е реакција на распродавањето на државните и националните интереси

t

ВМРО-ДПМНЕ не поддржува никаков вид на насилство и смета дека тоа не е одговор на проблемите, но воедно подвлекуваме дека инцидентот во Битола е реакција, на акцијата на власта поврзана со распродавањето на државните и национални интереси, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на палењето на вратата на Клубот „Ванчо Михајлов“ од страна на пејачот Ламбе Алабаковски.

-Таквата распродажба на националните интереси, дозволувањето и патронатството на провокации сервирани од источниот сосед, од страна на Владата на Македонија предизвикува кај голем број на граѓани фрустрација и бес.

Во време кога се уште нема одговор каде се парите од Рекетот, во време кога се дозволи Ден Дончев да избега со туце пари кои ги зема како мито, кога Рашковски и Зекири се осомничени за огромни злоупотреби, кога нема виновни за горењето на пациентите во модуларната болница во Тетово, нема одговорност за несреќите во Ласкарци и Бугарија, кога Спасовски не одговара за нелегални пасоши издадени на белосветски мафијаши, спроведувањето на закон врз сторител на инцидент во Битола е замачкување на очите на јавноста за да се дефокусира вниманието од колективна неправда, срушениот правен систем и економската катастрофа во која живее народот, смета ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Бојан Миовски донесе победа за Абердин

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски донесе победа за…

(Видео) Пожар во казино во Охрид

Во казино во Охрид попладнево настанал пожар.…

Вучиќ за кинеската телевизија: Србија ја поддржува…

Србија цврсто се придржува до принципот на…

Интензивирани се напорите да се обезбеди договор…

Се поинтензивни се напорите да се обезбеди…

Османи: На идните генерации не им треба…

Бујар Османи, во својство на претставник на…