Максо до Спасовски: Денес скокна Ламбе, утре ќе скокне народот. Вие ќе бидете криви

t

Најпрво, осудувам секаков вид на насилство, безредие и непочитување на законите. Непочитување на законите е резултат на несредена, неорганизирана и неправедна држава. Но, сепак сакам да кажам неколку реченици што верувам дека секој МАКЕДОНЕЦ интимно ги чувствува:

Се отвора здружение на граѓани под име Ванчо Михајлов, квислинг, потврден фашистички соработник и човек кој отворено работел целиот негов живот против македонската самобитност и државност и тоа без никаква дозвола за отварање на здружението од официјални и надлежни институции, а притоа надлежните во државата на чело со МВР молчат и мудро калкулираат.

Следува реакција на јавноста којашто нормално е бурна, додека поединци од власта по молкот и привременото слепило од немај каде се јавуваат со наводни реакции, но претходно добро избалансирани за да не им биде
замерено од официјална Софија.
Подоцна, откако Ламбе го сторил тоа што на секој Македонец му е во мислите како резултат на фрустрацијата во сопствената држава да ти ги величаат терористите и фашистите, помпезно и експедитивно се наоѓа сторителот на опожарувањето и триумфалистички се елаборира професионалноста на службите.

Секоја чест на професионалците во МВР и Обвинителството коишто брзо и експедитивно ја завршиле работната задача, секој сторител треба да биде откриен и санкциониран.

– Го прашувам Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:
1. Го откри ли сторителот за Пајакот којшто удри полицајка?
2. Го откри ли сторителот на каубојското пукање во Чаир?
3. Го откри ли сторителот на незаконската градба на споменикот во Слупчане?
4. Ги откри ли одговорните за пожарот во модуларната болница во Тетово? (или таму кабелот ќе остане виновен?)
5. Ги откри ли сторителите кои помогнаа во бегството на Груевски? … уште многу прашања без одговори.

– Има ли еднакво правда за сите во државата?

– Не, нема правда, нема мир, денеска скокна Ламбе, утре ќе скокне народот! Вие ќе бидете виновни, пишува на својот Фејсбук-профил кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За одредени пациенти имало и до осум…

Во лекувањето на одредени пациенти учествувале од…

Германска банка под истрага поради финансирање на…

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е…

Екс премиерот Ковачевски контра Филипче: „Имала среќа…

Поранешниот премиер и актуелен пратеник на СДСМ,…

Пет активни пожари во земјава, огнот зафати…

Во Македонија до 13 часот денеска се…