Објавено на:

Јелен: САД преговараат со европските земји за ограничување на приходите на Русија од нафтата

t

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен изјави денеска дека САД учествуваат во „многу активни“ преговори со европските земји за дополнителни начини за намалување на приходите на Русија од нафтата.

Таа на седницата на Комитетот за финансии на американскиот Сенат рече дека руските приходи од нафта треба да се ограничат, а притоа да се задржи приливот на светскиот пазар, за цената да не се зголеми нагло и да предизвика глобална рецесија.

Според неа, има неколку начини за тоа, а еден од нив е да се обединат клиентите и тие да ја одредат максималната цена што би и ја платиле на Москва. Јелен додаде дека е „практично невозможно“ САД да се изолираат од шокови на нафтениот пазар и затоа е важно да се префрлат на користење на обновливи извори на енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран се заканува со ракетни напади врз…

Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…

Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…

Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…

Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…

Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…

Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…

Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…

ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…