Разумен човек – Коцарев со моќна порака: Не молчете за исчезнувањето на Македонија, за поморот на македонскиот род и име!
Грст политичари за грст денари веќе триесетина години ја држат Македонија во заложништво. Различни се патиштата за иднината на Македонија, но сите тие имаат заеднички именител: департизација на општеството, пишува академик Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науки и уметности, во својата колумна со наслов „Не молчете!“, која ќе биде објавена во весникот „Нова Македонија“ утре.
Различни се патиштата за иднината на Македонија, но сите тие имаат заеднички именител: департизација на општеството. За да ги спречиме разорувањето, уништувањето, исчезнувањето, деградирањето на Македонија, за да не исчезне Македонија во оваа траурна тишина, не молчете!
Не молчете за неукост, за кусогледост, за самоукинување, за немање визија, за властољубие, за користољубие, за неправда, за недржавотворност, за работење против државните интереси.
Не молчете за исчезнувањето на Македонија, за партизирана Македонија, за поробена Македонија, за демакедонизирана Македонија, за предадена Македонија.
Не молчете за поморот на македонскиот род, македонското име, за сè што е македонско, пишува Коцарев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За одредени пациенти имало и до осум…
Во лекувањето на одредени пациенти учествувале од…
Германска банка под истрага поради финансирање на…
Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е…
Клековски: Имаме 50 пациенти со западнонилска треска,…
За три лица се чека потврда дали…
Екс премиерот Ковачевски контра Филипче: „Имала среќа…
Поранешниот премиер и актуелен пратеник на СДСМ,…
Пет активни пожари во земјава, огнот зафати…
Во Македонија до 13 часот денеска се…