Ќучук: Знаеме каков ќе биде исходот ако има референдум за Македонија
Незамисливо е да се има тврдење за геополитички фактор ако претходно не сме биле во можност да го интегрираме населението во регионот, изјавил бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, пренесуваат бугарските медиуми.
Барањето на францускиот претседател Макрон да посредува во односите меѓу Бугарија и Македонија е поангажиран став на земјата, која претседава со Советот на Европската унија. Се разбира, претседателот Макрон, како еден од големите лидери, е, се осмелувам да кажам, еден од луѓето кои се етаблираа како водечка фигура во Европскиот совет и е посветен на политиката за проширување, изјавил европратеникот.
Според европратеникот, референдумот во Бугарија, што беше спомнат од бугарскиот претседател Румен Радев за Македонија, не е вистинскиот пристап.
Таков референдум би имал исход на запирање на добрососедските односи, создавање дополнителни бариери и заковување на една позиција. Мислам дека тоа не е вистинскиот начин. Ако сакаме да го предвидиме неговиот резултат, зошто социолошките истражувања – 80%, и начинот на кој е претставена темата во Бугарија, јасно е, дека нема потреба од одржување референдум, рекол Ќучук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…
Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…