Објавено на:

Повеќе од 1.000 заробеници од Азовстал се префрлени во Русија

t

Повеќе од 1.000 украински војници, кои се предале во Мариупол, поради истрагата се префрлени во Русија, изјави денеска за Тасс извор од полицијата.

-Над 1.000 луѓе од Азовстал се префрлени во Русија. Со нив работат полициски службеници. Иследниците планираат во следниот период во Русија да испратат и други затвореници, рече изворот на Тасс.

Според него, во Москва во моментов има околу 100 луѓе, „вклучувајќи ги и странските платеници кои се предале во Мариупол“, а Тасс во овој момент не може да добие официјални коментари од истражителите и полицијата за оваа информација.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, на 20 мај објави дека руските војници ја зазедоа фабриката Азовстал во Мариупол, каде што беа припадници на украинските сили.

Според руската страна, во Азовстал се предале вкупно околу 2.400 лица, а Киев сега упорно бара нивно преземање преку размена на затвореници, иако некои руски функционери бараат на некои од предадените војници да им се суди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…

Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…

И Македонија ќе треба да излезе од…

Русија ќе се обиде да ја искористи…

НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…

Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…