СДСМ: Да не се политизира настанот во Битола

t

Апелираме до јавноста да не се политизира кривично правниот настан, во кој, по сопствено признание, како сторител се јавува македонски пејач.

Негативните емоции за називот на бугарскиот културен центар во Битола во никој случај не смеат да бидат причина да се оправдува свесно и со умисла подметнување пожар во кој можел да настрада и самиот сторител, но и други лица.

Македонскиот идентитет не се брани со релативизирање на кривични дела. Вандализмот буди друг вандализам, кој може да не внесе во спирала на скандали кои може да бидат погонско гориво за радикални структури во двете земји.

Наша обврска е да бидеме мудри и да не наседнуваме на сценарија чија цел е оддалечување на Македонија од ЕУ.

Имаме разбирање за вознемиреноста на нашите граѓани, но никогаш нема да одобриме насилничко однесување.

Единствено надлежен за ценењето на евентуалните олеснителни околности во конкретниот случај е исклучиво правосудната власт, а не дневната политика.

Конечно, во текот на оваа година ќе бидеме сведоци на отворањето на Македонскиот културен центар во Благоевград. Ние се бориме со вредности, принципи и доследност, а не со насилство!

Со почит,

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

54-годишен маж ја нападнал сопствената мајка

На 24.08.2026 во 23:55 часот во радовишко…

ФЗО: Од утре лекот Myfortic без доплата

Пациентите со трансплантирани органи од утре ќе…

Тригодишно девојче тешко повредено во лифт во…

МВР информира дека синоќа во 20:00 часот…

ЕУ испраќа претставници во Кина за да…

Група претставници на ЕУ во наредните денови…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…