ДЕДОТО НА ЛАМБЕ БИЛ СТРЕЛАН ОД БУГАРИТЕ! Адвокатот на пејачот вели дека нема потреба од притвор
Немаше никаква потреба од притвор за Ламбе Алабаковски, откако тој ја призна вината, а сите негови животни планови, како што е враќањето на музичката сцена во Македонија и неговиот општествен статус, не навестуваат дека тој би се дал во бегство, вели за Алфа адвокатот на Алабаковски, Драган Георгиев.
Тој се сомнева и во политичка позадина на определениот притвор за Ламбе поради спорот со Бугарија.
Адвокатот не го оправдува потегот на пејачот, но вели дека мора да се земе предвид целата ситуација во Македонија поради преговорите и блокадите од Бугарија, како и фактот дека член на неговото семејство бил убиен токму од Бугарите.
– Неговиот дедо е стрелан од Бугарите, а тој се враќа во Македонија и се отвора културен клуб на еден од најголемите злосторници за македонскиот народ, кој што до пред да умре во Рим не го признаваше македонскиот народ. Не го оправдувам, ниту тој самиот се оправдува за тоа што го сторил, меѓутоа тоа било негов знак на револт – вели Георгиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски: Имаме 50 пациенти со западнонилска треска,…
За три лица се чека потврда дали…
Екс премиерот Ковачевски контра Филипче: „Имала среќа…
Поранешниот премиер и актуелен пратеник на СДСМ,…
Пет активни пожари во земјава, огнот зафати…
Во Македонија до 13 часот денеска се…
Цените на нафтата паѓаат трет ден по…
Цените на нафтата продолжија да паѓаат трет…
Секое десетто дете во Македонија било жртва…
Едно од десет деца (10% од децата)…