Како пупка: Ковачевски е отворен за достоинствено решение со Бугарија

t

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за мислење во врска со најавата за излегување од владината коалиција во Бугарија на лидерот на бугарската политичка партија „Има Таков Народ“, Слави Трифунов рече дека Македонија е доверлив партнер кој со преговорите бара искрено и трајно решение за членство во ЕУ.

„Ние сме држава која во изминатите пет години докажа дека може да ги реши сите отворени прашања со своите соседи, рече Ковачевски кој подвлече дека благодарејќи на Преспанскиот договор ние сме членка на НАТО и земја која е на чекор до отворање преговори со Европската Унија и која нема отворени прашања со сите свои соседи, освен со Бугарија.

Тој подвлече дека Владата изминатите пет месеци разговараше и нудеше решенија разменувајќи и идеи со соседна Бугарија со цел кревање на ветото и постигнување на одржлив договор кој ќе се базира на европски вредности, задржување на достоинството и на принципите на добрите соседски односи во чиј дух го имаме и договорот за добрососедство со Бугарија врз основа на кој се градат односите со оваа земја.

„Ние во ниту еден момент прашањето на преговорите со Бугарија и на зачленувањето во ЕУ не го инструментализиравме, не го политизиравме еднострано и не го користиме за внатрешна политичка употреба, за разлика од другата страна која постојано ова прашање го инструментализираше, го користеше за внатрешна политичка употреба. И после пет месеци се уште ние како држава сме отворени да разговараме со претседателството на ЕУ затоа што ние сме доверлив партнер како за соседите така и за ЕУ“, рече Ковачевски кој повтори дека ние сме држава која и своите меѓународни односи и своите внатрешни односи ги имаме изградено на највисоко врвно европско ниво, и дека прашањето на владината коалиција на Бугарија е внатрешно политичко прашање на таа земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски бара Бугарија да го испорача бегалецот…

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

ФБИ удри моќна руска хакерска мрежа со…

Бугарија, заедно со САД, Унгарија и Романија,…

Во Бугарија се разгледува решение за проблемот…

Бугарија подготвува нови правила со кои треба…