Караница во “европското семејство”: На Унгарија ѝ се заканува тужба за дискриминација во продажбата на горива
Еврокомесарот за индустрија Тиери Бретон побара од Унгарија да ја прекине дискриминацијата во продажбата на гориво на сопствениците на возила со странски регистарски таблички или ќе се најде суд, се вели во писмото на Европската комисија, до кое Ројтерс имал пристап.
Бретон потсетил дека возачите на возила со регистерски таблички од други земји на ЕУ треба да платат гориво од 50 до 60 отсто повеќе од возилата со унгарски регистарски таблички и дека тоа е директна дискриминација, спротивно на правилата на Европската унија.
Тој во писмото наведува дека Европската комисија го задржува правото да покрене итна постапка за прекршување на правилата, што може да доведе до судска постапка против Унгарија и парични казни.
Унгарија соопшти дека мерката е воведена поради „туризмот за гориво“ и зголемениот транзитен сообраќај, што ја зголеми потрошувачката на гориво.
Од петок, 28 мај, унгарските власти ја ограничија цената на бензинот и дизелот на 1,20 евра за литар, што важи само за автомобили со унгарски регистарски таблички. Странските возачи во Унгарија треба да платат околу 0,60 евроценти повеќе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Време е за Европска…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува…
Европската унија треба да го забрза процесот…
Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…
Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…
Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде…
Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, денес изјави…
ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…
Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…