(Видео) Во Карпош нема да спроведеме ни наредба на Путин, не па на Мицкоски – Ја користи секоја одлука за лична пресметка со мене

t

Секоја одлука во Карпош Мицкоски ја користи за лична пресметка со мене, вели лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Ние тој план за Злокуќани го подобривме, да има зграда, продавници, кафичи, игралишта, па пуст остров ни е Злокуќани. Денес тие го поништија планот за ромската населба во Злокуќани, нели се греота тие луѓе, оделе по странство, заработиле куќичка сакаат да направат и сега нема како, нема план диво ќе треба да градат.

Јас имам целосно разбирање за се, но не можам да разберам опструкција, разбрани луѓе може за се да се договорат. Во Карпош нема да спроведеме ни наредба на Путин, не па на Мицкоски.

Опструиран е и планот за млечен ресторан каде нема никакви градби. Еден граѓанин ми вика 15 години собирав пари за надградба да направам, сега ми го земаат правото.

Не може да воведеме зонско паркирање, немаме урбанистички план, не се само за хоштаплерај тие урбанистички планови. Нели се сликаа со директорот на градски паркинг, а како без план?

39 планови се од времето на Богоев, само еден континуитет во работа поажуваме. И ние се ќе толерираме, грешките и штетата на целата коалиција. На овие избори пројдовме добро оти противникот беше слаб, со 280.000 гласови оти не сме којзнае што туку противникот е слаб,истакна Јакимовски.

Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=531260168784019&notif_id=1654683268951869&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна

Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…

Град Скопје ќе додели средства за сите…

Советот на Град Скопје на денешната седница…

Јакимовски со барање до надлежните распустот да…

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…