(Видео) Ние ќе делуваме самостојно, а Црвенковски му е пријател на Мицкоски колку што знам јас
Во денешната епизода на Тешки муабети, Стевче Јакимовски објасни дека не планира да биде во партија ниту на Максим Димитриевски, ниту на Бранко Црвенковски, туку ГРОМ ќе делува самостојно.
– Со сета почит кон колегата Максим Димитриевски, ама мојата партија го положила тестот на времето, од 2013 година па навака.
Нели помалата река се влева во поголемата, не немам намера во партија на Димитриевски да одам.
А јас знам дека Бранко Црвенковски му е пријател на Мицкоски, не мој, јас расчистив со двајцата.
Ние ќе делуваме опозиционо, кој сака може да не поддржи и ќе трасираме пат за самостоен настап на избори.
Не ни очекував да даде коментар Пренџов, веројатно му е добро со ВМРО-ДПМНЕ, на останатиот дел од партијата не му е, кој сака нека седи, вели Јакимовски.
Следете ја смисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=531260168784019¬if_id=1654683268951869¬if_t=live_video_explicit
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна
Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…
Град Скопје ќе додели средства за сите…
Советот на Град Скопје на денешната седница…
Јакимовски со барање до надлежните распустот да…
Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…