Нано Ружин: Макрон има грижа на совест за Македонија

t

Поранешниот амбасадор и професор Нано Ружин смета дека постојат држави кои прво се конституирале како држави, а потоа се освестуваат како нации.

-Таков е случајот со Франција. Постојат држави кои не успеале на време и почнале да се освестуваат по националност, меѓутоа државата ја формираат подоцна. Како кај нас, ние имаме различни националности. Постојат доцнења. Тука е проблемот, така се поставува Бугарија. Таа се претставува како држава-нација. Во тоа е проблемот на дефункционализација. Затоа треба да бараме други прашања. Макрон дека ќе ги уплаши со Пиринска Македонија, не верувам во тоа. Национално чувство е во тоа како се чувствувам во моментов, а не да се наметнува. Макрон има грижа на совест за Македонија и сега се обидува да ја поправи грешката, вели Ружин во емисијата „24 анализа“, говорејќи за правата на малцинствата и заедниците.

Тој истакнува бугарскиот премиер Кирил Петков ќе преживее на власт, бидејќи во овие критични моменти, Бугарија нема друга солуција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Украина да не се радува премногу…

Францускиот претседател рече дека за време на…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…

Макрон: Масовна копнена операција во Газа би…

Францускиот престедател Емануел Макрон изјави дека било…

Средба Макрон – Херцог во Ерусалим

Ние сме посветени да ги надминеме, и…

Макрон со свиткана опашка си заминува од…

По пучот во Нигер, воената хунта на…