Објавено на:

Завршува учебната година: Утре почнуваат уписите за средно образование

t

Учениците за упис во прва година средно образование првпат ќе се пријавуваат преку линк до порталот за електронски услуги на МОН.

За околу 255 илјади основци и средношколци денеска е последниот училиштен ден во учебната 2021/2022. Годината завршува во редовниот термин и покрај одложениот почеток на второто полугодие за десетина дена, поради влошената состојба со ковид- 19, како и загубените 12 дена од наставата во април додека траеше штрајкот на СОНК.

Учебната 2021/2022 почна со физичко присуство за сите ученици. Првпат од затворањето на 11 март 2020 поради пандемијата, училиштата лани во септември беа отворени во нивниот полн капацитет, со примена на  соодветни антиковид-протоколи. Учениците ја следеа наставата со заштитни маски до пред околу два месеца кога по препорака на Комисијата за заразни болести оваа мерка за нив веќе не беше задолжителна.

Новина во учебната 2021/2022 беше Концепцијата за основно образование која почна да се применува во прво и четврто одделение. Во наредната 2022/2023 година таа ќе продолжи да се воведува во второ и петто одделение за што Бирото за развој на образованието изработи нови наставни програми.  Планот на МОН е етапно да биде воведена во сите одделенија и за пет години деветгодишното основно образование да биде целосно реформирано.

Од утре, 10 јуни, до 15 јуни ќе трае електронското аплицирање за запишување во средните училишта. Новата дигитална услуга која ја воведува Министерството за образование и наука од оваа година, на учениците ќе им заштеди време и ќе бидат избегнати турканици пред училиштата.

Учениците за упис во прва година средно образование првпат ќе се пријавуваат преку линк до порталот за електронски услуги на МОН https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава на нивните кориснички сметки на schools.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…