Хрватска ја критикува предлог декларацијата на Германија?
Министерот за надворешни работи на Хрватска изјави дека Нацрт-декларацијата за БиХ подготвена од пратениците на владејачката коалиција во Германија „не испраќа добри пораки“.
Според министерот Гордан Грлиќ Радман, декларацијата има видливо „силно бошњачко лоби“.
Предлогот за оваа декларација беше испратен во собраниска процедура на Бундестагот минатата недела и треба да биде усвоен овој или следниот месец.
Резолуцијата го поддржува европскиот пат на БиХ и ги обвинува водечкиот српски функционер Милорад Додик и Хрватот Драган Човиќ за загрозување на суверенитетот на земјата, блокади и поделби.
Радман Грлиќ посочува дека овој предлог не бил поддржан од целиот Бундестаг, туку од „една фракција“ и дека е видливо „силното бошњачко лоби“, поради тоа што во тоа тело има пратеници со бошњачко потекло.
“Со овој предлог не се постигнува никаков мир, стабилност, ниту се испраќаат добри пораки пред се до земјите од Западен Балкан“, изјави министерот Грлиќ Радман, пренесе Хина.
Тој посочи дека БиХ е во интерес на Германија.
Грлиќ Радман рече дека тој и премиерот Андреј Пленковиќ „имале многу добар разговор“ со германскиот канцелар Олаф Шолц минатата недела и дека „многу долго разговарале за БиХ и мултинационалната природа на таа земја“.
Тој нагласи дека Хрватска останува најдобар познавач на соседната земја и најголем застапник за нејзина интеграција во ЕУ.
За Маринко Чавара, претседателот на Федерацијата БиХ, на кого САД му воведоа санкции, министерот рече дека тој е „обичен, политички одговорен човек“ кој ја сака својата татковина и се залага за почитување на Дејтонскиот-Париски договор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наместо на одмор, младите Босанци одат на…
Значително повисоките плати за истата работа, но…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…
30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…
Во пакет на DHL пронајден бел прав…
Најмалку 12 лица се повредени откако во…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…