Дуда: Запрепастен сум од преговорите помеѓу Путин, Шолц и Макрон
Запрепастен сум од сите разговори со Путин, што ги водат кацеларот Олаф Шолц и претседателот Емануел Макрон. Со тие разговори не се постигнува ништо, тврди полскиот претседател Анджеј Дуда за германскиот весник Билд.
За Дуда, разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, претставува „вид на легитимизација на лицата одговорни за злосторствата што руската војска ги изврши во Украина“.
Самиот Путин е одговорен за испраќањето на својата војска во Украина, смета Дуда, додавајќи дека тој добива поддршка од неговите воени команданти.
–А дали некој вака разговарал со Адолф Хитлер за време на Втората светска војна? Дали некој кажал оти мора да се сочува образот? Дека работите мора да се направат на начин, со што, нема да се понижи Адолф Хитлер?, прашува полскиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…