Објавено на:

Захарова: Пратките со оружје до Украина ќе резултират до проширување на црниот пазар

t

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова рече дека западните земји го игнорираат фактот дека испораката на оружје за Украина сигурно ќе доведе до проширување на црниот пазар на оружје во Западна Европа, а дел од оружјето од Украина веќе е прошверцувано во Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.

– Тие веруваат дека ова е билет во еден правец, веруваат дека сега се ослободуваат од застареното оружје што го испраќаат во Украина или во трети земји. Сепак, забораваат дека пратките со оружје испратени во Украина ќе доведат до проширување на црниот пазар на оружје, особено во Западна Европа и на Балканот – рече Захарова.

Според неа, властите на земјите снабдувачи засега молчат по ова прашање, но независните експерти и релевантните структури, како што е Интерпол, веќе „алармираат“, пренесуваат светските агенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ќе добие над 6 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…

Политиката се темели на разговори. Јас сум…

СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…

Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…