Објавено на:

Лавров: Треба да се откажеме од загревањето страсти во медиумскиот простор

t

Киев е должен да престане да го одложува процесот на извоз на украински житото и повиците до Западот „да го вооружи до заби“ се контрапродуктивни, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Според него, руската армија е подготвена да обезбеди безбедни коридори за сите товарни бродови кои чекаат да отпловат од пристаништата на Црното Море, но под услов Украинците да ги отстранат мините од крајбрежната зона под нивна контрола.

Рускиот министер за надворешни работи додаде дека се надева оти Киев ќе престане да бара излез од ситуацијата барајќи од Западот да го „вооружи до заби“, вклучително и испорака на противбродски системи кои, според украинските власти, имаат намера да дејствуваат против руските бродови на Црноморската флота.

Неопходно е да се откажеме од таквата реторика и „загревањето страсти во медиумскиот простор“ и наместо тоа да се занимаваме со конкретни дела“, рече Лавров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Пијан работник од депо украл трамвај во…

Дваесетгодишен работник во трамвајско депо во Киев,…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…