(Фото) Силно невреме во Скопје: Се урна дрво во Центар
Невреме проследено со силен ветер и дожд попладнево го зафати Скопје и околината, при што се урна дрво пред Олимпискиот базен во центарот на градот.
Покрај Скопје, силни ветрови и дождови има и во уште неколку градови во земјава.
Како што информираат од УХМР, во текот на попладневните и вечерните часови, ќе продолжи врнежливото време.
Од таму додаваат дека до сабота ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Фото: Локално
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…
Бесплатни униформи ќе добијат сите основци во…
И оваа учебна година Општина Центар продолжува…
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…