Денеска останете дома – еве што најавуваат од УХМР, сонце не очекувајте ниту утре

t

Времето денеска ќе биде облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално со над 20 литри на квадратен метар наврнат воден талог, проследени со силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени. УВ индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје ќе биде облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, со услови во делови од скопската котлина процесите да бидат во форма на невреме. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.

В сабота ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на дневната температура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кичево: Украден банер со рекламен материјал на…

На 03.05.2024 година во 23.20 часот, во…

(Видео) Апасиев: Левица се изгоре во 2019…

Лидерот на партијата Левица во јавно медиумско…

Руското МВР распиша потерница по Зеленски

На сајтот на министерството за внатрешни работи…

Мојсоска: Усеини уништува антифашистичко наследство додека СДС…

Од локацијата кај познатата Бела куќа на…

Кривична против две лица поради кражба на…

Единицата за внатрешни работи Центар и Бит…