Во Македонија се е предизвикано од кабел – АДСДП: Синоќешниот пожар е предизвикан од електричен кабел
Акционерското друштво за изградба и стопаниување со станбен и деловен простор излезе со соопштение по синоќешниот пожар кој зафати една од бараките на ова претпријатие кое гради социјални згради и менаџира со градскиот стадион и неколку катни гаражи.
Од таму велат дека пожарот во еден од објектите кои се наоѓаат во самиот центар на главниот град предизвикал незначителна штета од електричен кабел, но поголеми последици биле спречени благодарение на брзата реакција на службите.
„Во текот на ноќта на локацијата на која е сместено Акционерското друштво за изградба и стопаниување со станбен и деловен простор од значење на Републиката настана пожар при што е причинета незначителна штета предизвикана од електричен кабел. Истиот е локализиран и избегната поголема материјална штета.Голема благодарност за брзата интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, МВР како и екипите на ЕВН!“, гласи реакцијата на акционерското друштво во државна сопственост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екс премиерот Ковачевски контра Филипче: „Имала среќа…
Поранешниот премиер и актуелен пратеник на СДСМ,…
Пет активни пожари во земјава, огнот зафати…
Во Македонија до 13 часот денеска се…
Цените на нафтата паѓаат трет ден по…
Цените на нафтата продолжија да паѓаат трет…
Секое десетто дете во Македонија било жртва…
Едно од десет деца (10% од децата)…
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна…
„Добредојдовте на еден проект којшто за сите…