Зеленски потпиша указ за санкции против руските лидери
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски потпиша указ за воведување лични санкции на руските лидери, вклучително и претседателот Владимир Путин и сите министри.
Санкциите, одобрени од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, се насочени кон сите членови на руската влада и Советот за безбедност, како и против портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тие забрануваат влез во Украина, ги откажуваат визите и дозволите и ги блокираат финансиските средства.
Одредбата стапи на сила во четвртокот, се вели во копија објавена на веб-страницата на украинското претседателство.
Зеленски, исто така, потпиша директива со која се санкционираат 236 руски универзитети и нивните лидери.
Рускиот министер за образование како одговор рече дека тоа нема да влијае на нив, пренесува АП.
– Денешната одлука на режимот во Киев зборува за неговата несоодветност и неспособност да ја контролира ситуацијата. Тоа е гест на очај, кој не може да ја спречи интеграцијата на Донбас и ослободените територии – изјави Сергеј Кравцов за Интерфакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Норвешка подготвува штит против дронови на границата…
Норвешка ќе распореди дополнителни сензори за противвоздушниот…
ДВЕ СОМНИТЕЛНИ ВОЗДУШНИ ЦЕЛИ ПРЕСРЕТНАТИ КАЈ ГРАНИЦАТА…
Две воздушни цели биле забележани во близина…
(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА) ИНЦИДЕНТ ВО БЛИЗИНА НА КИЕВ:…
Сериозен инцидент во кој се вклучени припадници…
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…