ЕДИ РАМА: Владата на Бугарија падна зашто нема пари
Албанскиот премиер Еди Рама призна дека во неговата земја горивата се продаваат по највисока цена во регионот, но оти има ниски даноци.
Вистина е дека имаме највисоки цени на горивата во регионот, но поразлично од регионот имаме ниски даноци. Поинаку од регионот малиот бизнис не плаќа ниту лек, рече Рама во реплика со пратеничката на опозициската Демократска партија Јорида Табаку на денешната пленарна седница на парламентот.
Тој при тоа како пример го посочи падот на владата во Бугарија.
Тука ќе дојде ден кога нема да биде во прашање колку чини туку каде да се најде енергија, нафта и храна. Со тоа денес се соочува Европа. Вчера падна владата во Бугарија. Тие што ја паднаа велат има две причини, заложништво од владата и второ бидејќи Бугарија нема пари, рече Рама.
Оцени дека состојбата насекаде е драматична и ѝ порача на опозицијата доколку сака да прави политика, нема проблем, но ако сака да придонесе со добри идеи, владата со задоволство ќе ги прифати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…