Ладен туш од Шолц: Србија не влегува во ЕУ без да го признае Косово
Приклучувањето на Србија и Косово во ЕУ е невозможно без меѓусебното признавање на Белград и Приштина. Ова го изјави германскиот канцелар Олаф Шолц за време на посетата на Балканот, пренесува РИА Новости денеска.
„Косово и Србија мора да постигнат сеопфатен договор, а специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак ја има нашата целосна поддршка за ова прашање… Јасно е дека договорот треба да го реши прашањето за признавање на Косово и Србија. , бидејќи двете земји не можат да станат дел од ЕУ без меѓусебно признавање“, рече тој.
Германскиот канцелар Шолц во петок на 10 јуни е во посета на Западен Балкан. Патувањето го започна од Косово, а попладне Шолц се очекува во Белград, каде што е предвидена средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…