Полека но сигурно владата паѓа: Уште еден министер на Петков си поднесе оставка
Радостин Василев од „Има таков народ“ поднесе оставка од функцијата министер за млади и спорт. Заминаа и неговите двајца заменици. Тој ова го соопшти на маргините на седницата на парламентот, пренесе bTV. Тој е вториот министер од ИТН кој објави дека поднел барање за напуштање на кабинетот на Кирил Петков, откако регионалниот министер Гроздан Караџов го стори тоа во четвртокот.
Се уште не се знае дали министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и министерот за енергетика Александар Николов ќе поднесат оставки, но тоа се објаснува со нивните обврски во странство. Генчовска ја предводеше бугарската делегација во Солун на завршните состаноци на грчкото ротирачко претседателство со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Николов е во посета на Баку.
Според министерот Даниел Лорер, можно е во владата да останат министри на „Има такви“. Сепак, „Има таков народ“ беше дециден дека сите нивни претставници го напуштаат кабинетот, заедно со нивните заменици.
Оставките треба да се изгласаат во парламентот. Сè уште не се поврзуваат нови имиња.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина распиша потерница по рускиот патријарх Кирил
Министерството за внатрешни работи на Украина објави…
Патријархот на РПЦ Кирил „Злото“ ѝ се…
Не може да има „пасивен став“ кога…
Петков: Францускиот предлог е најдобар, утре одново…
Владата во Бугарија попладнево заседавала и е…
Бугарската легенда Петков: Не сакам ни да…
Легендарниот голман на Бугарија, Георги Петков не…
Бориславова: Петков наскоро нема да го посети…
Бугарскиот премиерот Кирил Петков наскоро нема да…