Милевски и Барди на прес-конференција во пресрет на четвртиот натпревар во Лигата на нации
Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски и капитенот Енис Барди одржаа прес-конференција во пресрет на утрешниот натпревар против Гибралтар на Националната арена „Тодор Проески“ од 4. коло во групата од Лига на нации.
Селекторот на македонската репрезентација, Милевски:
„Александар Трајковски нема да биде во комбинација поради повреда, Елмас е под знак прашалник, имаме неколку играчи кои исто така се неизвесни за настап поради настинка. Голем број од играчите поради распоредот се исцрпени. Искрено, во кој состав ќе истрчаме на терен, ќе мора да почекаме сите заедно да видиме кој ќе биде подготвен. Сите фудбалери конкурираат за настап, што се однесува до Етеми, тој може да дебитира на овој дуел.
Наша обврска е да бидеме на нивото и да го даваме максимумот. Мора да се стават сите во функција на тимот и да бидат на нивото кое се очекува код нас. Имаме почит кон секој противник, тоа се однесува и на утрешниот натпревар. Ние бевме доминантни на претходните натпревари, но мора да бидеме многу повеќе конкретни во завршната фаза“.
Капитенот на македонската репрезентација, Барди:
„Не боли секој пораз. Но, мора да мислиме напред. Јас можам да гаранирам дека секој играч го дава максимумот, но фудбалот понекогаш е таков. Мора да се оди напред и да одиме кон нашата цел. Мора да продолжиме да играме добро, а атмосферата во тимот уште е истата и посакуваме подобри резултати“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…