Двојка на “стаклени нозе”: Владата со рекордно најниска доверба кај граѓаните

t

Испитаниците ја оцениле работата на Владата во првите 100 дена со средна оценка
2,44 од максимум 5 во најновото истажување на МЦМС.

Според податоците ова оваа анкета незначително малцинство од испитаниците (6,8%) целосно се задоволни од работата на Владата давајќи највисока оценка додека пак мало малцинство(25,6%) или четвртина од испитаниците дале најниска оценка. Нема значајно отстапување

 Етничките Албанци ја оцениле малку повисоко работата на Владата (2,73) во споредба со етничките Македонци (2,24), но сепак нема голема разлика. Највоочлива е разликата кај симпатизерите на двете најголеми политички партии, па така, симпатизерите на СДСМ се задоволни од работата на Владата оценувајќи ја со средна оценка 4, додека симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ најниско ја оцениле работата на Владата (1,78). Симпатизерите на ДУИ се поумерени во своите ставови давајќи средна оценка од 3,13.

Мнозинството испитаници (65,1%) изјавиле дека Владата во првите 100 дена не ги
исполнила нивните очекувања, а ги исполнила очекувањата за една третина од
испитаниците (33%). Незначителен е процентот на граѓани кои што не знаеле (1,7%) или
одбиле да одговорат на ова прашање (0,2%).

Загрижувачки е податокот дека дури 30 посто од испитаниците сметаат дека владата не ги исполнила нивните очекувања во ниту едно поле.

Очекувања од Владата не се исполнети од 68,9% за возрасната група од 18 до 29 години
до 61,8% за возрасната група над 65 години.

Од аспект на етничката припадност, поголем процент на етнички Македонци (68,2%) во
споредба со етнички Албанци (58,1%) или други етнички заедници (61,1%) изјавиле дека
Владата не ги исполнила нивните очекувања во првите 100 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избрана новата Влада на Србија

Пратениците на Собранието на Србија попладнево ја…

Ковачевски: Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка…

Несоодветното однесување на неколку функционери од ДУИ…

Села: Прво уставни измени па формирање влада

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села…

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема…

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција…

(Видео) Јакимовски: Мој услов за да дадам…

Доколку Јакимовски биде шеф на државата нема…