Објавено на:

Победа пред победа: Македонија У21 ја “тепаше” Босна и Херцеговина

t

Репрезентацијата на Македонија до 21 година вторпат ја победи Босна и Херцеговина во Скопје, овојпат со 2-1. На тест дуелите против балканскиот ривал, селекторот тестираше млади сили и веројатно идните носители на играта. Погодоците на тренинг центарот „Петар Милошевски“ паднаа во првото полувреме, а потоа се одигра мирно продолжение без преголеми возбудувања. 

Надежите на Драги Канатларовски отворија многу подобро од ривалот. Македонија имаше неколку одлични шанси, еднаш се тресеше и стативата со удар од петерецот пред да падне водечкиот погодок. Резултатот го отвори Арда Окан Курталан, талентираниот фудбалер од Фенербахче по полуконтра во 24. минута. 

Македонија не отстапи од офанзивната игра, вторпат се тресеше рамката од голот на гостите пред да падне нов погодок. Курталан одново го покажа својот раскошен талент и со еврогол ја удвои позитивата во 34. минута (2-0). Пред полувремето и Босанците успеаја да дојдат до гол, па на пауза се замина со неизвесни 2-1. 

Двајцата селектори по паузата направија многу промени, па поради тоа опадна темпото на игра. Македонија имаше предност и не притискаше премногу, а Босна и Херцеговина немаше сили да го загрози нашиот гол. Вистинските можности во продолжението изостанаа во целост, па натпреварот заврши со резултатот поставен во 41. минута. 

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бизарен случај: Уапсен Босанец откако синот хомосексуалец…

Граѓанин на БиХ завршил во регионалниот суд…

Босна протестира по монструозното убиство на Низама

Почнаа протестите во Босна мотивирани од крвничкото…

Масакрите во Босна немаше да се случат…

Заменик-претседателот и портпарол на турската владејачка Партија…

Победа пред победа: Македонија У21 ја “тепаше”…

Репрезентацијата на Македонија до 21 година вторпат ја победи…

Дојави за бомби во судовите во Сараево

Дојави за бомби денеска добија Кантоналниот суд…