Ердоган удри по западните земји: Не може да им се верува, особено не во политичките прашања
Не може да им се верува на западните земји, особено во политичките прашања, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на разговорот со претставниците на младите во Ван. Настанот беше емитуван на порталот ТРТ Хабер.
„Ја прашуваме Грција зошто изградивте воени бази. Тие ни даваат значаен одговор: „против Русија“. изјави турскиот лидер.
Според него, може да се соработува со западните земји во областа на науката или уметноста, но не и политиката. На пример, Брисел со години не може да донесе конечна одлука за влезот на Турција во Европската унија, иако Анкара доби кандидатски статус уште во 1999 година, додаде Ердоган.
Тој претходно предупреди дека тековната милитаризација на островите во источниот дел на Егејското Море од страна на Грција би можела „да заврши со катастрофа“. Односите меѓу двете земји сериозно се влошија во последните години поради територијалните спорови. Страните не успеваат да се договорат за поморските зони.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Веруваме дека сириската влада ќе преземе…
Ердоган телефонски разговараше со претседавачот на Суверениот…
Ердоган го покани Трамп да ја посети…
Претседателот на Турција Ердоган се обиде да…
Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…
Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…
Ердоган ги критикува САД бидејќи ја блокираа…
Невозможен е праведен свет со Америка во…
Ердоган: Уништувањето на Xамаc е „нереално“
Израел и неговите западни поддржувачи наместо тоа…