Поранешниот министер за надворешни врти нов лист во животот: Полагаше за УЕФА тренерска лиценца

t

Фудбалската федерација на Македонија и Центарот за едукација во периодот од 10 до 15 мај во хотелот „Истатов“ во Дојран го организираа првиот курс за добивање на УЕФА Ц тренерска лиценца во Македонија.

Курсот го посетуваа сите 36 пријавени кои успешно ги завршија обврските поврзани со теоретско-практичната настава одржана на семинарот во рамките на групата 1.

Предавачи – демонстранти во Центарот за едукација (ЦЕ) кои го реализираа курсот беа: Небојша Марковски – СК директор на ФФМ, Ленче А. Величковска – декан на ФФОСЗ, Вујица Живковиќ – проф. ФФОСЗ, Висар Ганиу – градоначалник на општина Чаир , Жикица Тасевски – професор ФФОСЗ, Борче Христов – УЕФА ПРО, Гордан Здравков – УЕФА ПРО, д-р Илија Стоилов, Бојан Марковски – Грасрут менаџер.

Со оглед на големиот интерес и пријавените повеќе од 100 кандидати, покрај првиот, Едукативниот центар при ФФМ формираше уште две групи.

Вториот курс за Група 2 во рамките на првата генерација кандидати за стекнување на УЕФА Ц диплома се одржa во периодот од 23 до 28 мај 2022 година. Третиот курс наменет за Групата 3 се одржa во периодот од 6 до 11 јуни 2022 година. Двата курса се организираа во Хотел Истатов, Дојран.

Во последната, група 3 учество помеѓу многуте фудбалски имиња, учество зеде и Никола Попоски — поранешниот министер за надворешни работи во периодот 2011–2017.

Извор: Нов Лист.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…