Конечни резултати од изборите во Франција: Вториот круг ќе биде пеколен за Макрон
Конечни резултати од изборите во Франција: „Заедно“ на Макрон 25,75 отсто, левицата 25,66 отсто
Центристичката алијанса „Заедно“, предводена од францускиот претседател Емануел Макрон, влегува во вториот круг од изборите за Долниот дом на парламентот со многу слаба предност пред левицата, покажаа конечните резултати од неделните избори во Франција.
Алијансата „Заедно“ според објавениот резултат на МВР освоила 25,75 отсто од гласовите, додека левичарскиот блок „НУПЕС“ на чело со Жан-Лук Меланшон е втор со 25,66 отсто, пренесе Ројтерс.
Еден од најблиските сојузници на Меланшон, Мануел Бомпар, кој се кандидира за место во Марсеј, ја доведе во прашање веродостојноста на резултатите. Тој тврди дека „НУПЕС“ освоил околу 200.000 гласови повеќе отколку што покажуваат официјалните резултати, но за тоа тврдење не покажал докази.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Полицаец се запали среде протести во…
Полицаец во Франција се запали откако демонстрант…
Франција распоредува 70.000 полицајци по најавите за…
Франција се подготвува за нови протести со…
Франција заплени 68 кг кокаин, информациите ги…
Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка…
Речиси 1.000 уапсени по вчерашните протести и…
Речиси 1.000 лица се уапсени откако стотици…
Се урна воен авион во североисточна Франција
Воен авион се урна во вторникот доцна…